X
 16.07.2017 Култура

„Искрен“ портрет на познатите личности

poznati
Фото: Martin Schoeller

Мартин Шулер е еден од најпознатите фотографи за портрети во светот. Во неговото портфолио со фотографии може да се најдат познати личности како Обама, Лејди Гага, меѓутоа, и случајни минувачи и бездомни луѓе.

Она по што се разликува овој фотограф од останатите е неговиот доследен стил.

„Веќе 20 години ги правам овие портрети и секогаш ги користам истото светло, истиот амбиент, истиот агол и истата камера. Никој не е фотошопиран, ниту ретуширан - сè што гледате е реално“, вели тој.

Со тоа што секој портрет го создава на ист начин, Шулер се обидува да ја пронајде вистината.

„Мислам дека скоро сите фотографии лажат. Не можеш да опишеш една личност во дел од секундата, но можеби во големата шема на фотографијата, една фотографија е поискрена од друга. Така, јас се обидувам да управувам со искрената страна на спектарот“, вели тој.

Од сите луѓе што успеал да ги фотографира, за него најголем предизвик се актерите.

„Генерално, актерите се оние што се тешки за фотографирање бидејќи секогаш глумат. Си мислиш: ’Ова беше искрен, одличен портрет‘, додека ги фотографираш, за потоа, откако ќе излезе фотографијата, да сфатиш дека глумеле цело време“.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура