Нов Зеланд сака да ги забрани мачките

Нов Зеланд сака да ги забрани мачките

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Регионалниот совет на Нов Зеланд предложи да се забранат мачките за да се заштитат домородните животни. Таканаречениот „план за штетниците“ бара кастрација, чипирање и регистрирање на сите домашни мачки, а откако мачката ќе пцовиса, на нејзините сопственици нема да им биде дозволено да земат нова.

Оваа мерка е во рамките на амбициозната цел на Нов Зеланд да стане земја без предатори до 2050 година, а сака да ги истреби стаорците, ласиците и опосумите и видовите животни настанати од нив. Планот е најавен уште во 2016 година и во него стои дека наведените видови ја чинат новозеландската економија 3,3 милијарди новозеландски долари годишно. Покрај тој трошок, се наведува и дека мачките ги убиваат птиците.

Заговорниците на овој план истакнаа дека не мразат мачки, туку дека тоа не е место за нив. Сепак, оваа идеја не им се допаѓа на сите граѓани. Некои се шокирани од планот и најавуваат петиција против него.

- Мачките се единствените со кои можеме да се бориме против глодачите. Ако не можам да имам мачка, станува нездраво воопшто да живеам во својата куќа - се жали една жителка.

Таа го спореди овој план со полициска држава.

- Не станува ни збор за регулација на луѓето и нивната способност да имаат мачка. Едноставно ни велат дека не смееме да имаме - додава таа.

Некои места веќе имаат таканаречено „no cat“ правило, односно забрана за чување мачки, а советот во Окланд разгледува план за евтанизација на сите нечипирани мачки што ќе бидат фатени на некое еколошки значајно подрачје