Реката Вангануи Иви за своите права се бори уште од 1870 година.
Оваа река во Нов Зеланд е првата во светот која е призната како живо суштество, со свои сопствени права и вредности, а доделен ѝ е правен статус на лице, пишува
Independent.
Реката Вангануи, што се наоѓа во северниот дел од Нов Зеланд, има непроценливо значење за Маорите, народ што живее на тој простор. Заради тоа владата во оваа земја донесе закон со кој на реката ѝ е дадено право да се претставува преку двајца официјални репрезенти, еден ангажиран директно од Маорите (Иви) а другиот ангажиран од страна на круната.
Новиот статус на реката Вангануи, односно
Te Ava Tupua, како што ја викаат Маорите, најверојатно е единствен пример во светот. Маорите реката ја доживуваат како дел од живите планини и мориња.
Крис Финлајсон, кој преговараше со владата за усвојување на овој предлог, истакна дека оваа река се бори за своите права уште од 1870 година.
„
Te Ava Tupua ќе има сопствен правен идентитет со сите права, обврски и одговорности кои одат со тоа. Знам дека многумина ќе сметаат дека е чудно еден природен ресурс да добие статус на лице, но тоа не е ништо помалку чудно од статусите на семејните фирми или компании“, вели тој.
Реката
Вангануи е трета по должина река во земјата и нејзиниот статус е резултат на долгогодишна борба за нејзините права. Таа на своето конто од владата ќе добие 102 милиони долари како обештетување и донации, а тие средства ќе бидат наменети за нејзино одржување.