Уништувањето кое може да биде предизвикано од голем земјотрес често не завршува кога ќе престане да се тресе земјиштето. После многу земјотреси нови потреси кои се случуваат по неколку часа или денови. Тие последователни потреси, односно афтершокови, некогаш може да предизвикаат поголема штета од првичниот земјотрес.
И иако обично може да се предвиди големината на последователниот земјотрес, не ни оди многу со предвидувањето на локацијата на истиот.
Сега тоа би можело да се смени. Истражувачи од Универзитетот Харвард и одделот за вештачка интелигенција при „Гугл“ создадоа невронска мрежа која може да процени колку е веројатно дека некоја локација ќе биде погодена од афтершок. А најдоброто е што е поточна од најдобриот модел кој постои.
Истражувачите сега можат да го пресметаат геолошкиот притисок од земјотресот на обиколните карпи и потоа да го искористат моделот за да ја одредат веројатноста за тоа која локација ќе биде погодена од афтершок. За жал, овој модел е малку поточен од фрлање паричка.
За да може подобро да се предвиди локацијата на некој афтершок, тимот се свртел кон вештачката интелигенција.
Истражувачите ја тестирале нивната невронска мрежа и утврдиле дека може да го предвиди местото на афтершоковите многу поточно отколку претходно користените модели.
Иако предвидувањата на алгоритмот не се сигурни, истражувачите се задоволни од вештачката интелигенција и мислат дека многу брзо може да има уште поточни
системи.