„Гугл“ сака пребарувањето да биде центар на сè што правите. Сега, со цел да ги направи своите производи за пребарување пристапна точка за цела содржина на интернет, оваа компанија го насочува фокусот кон здравствената заштита.
Дејвид Фејнберг, неодамна именуван шеф за иницијатива на „Гугл Хелт“, ги претстави плановите на компанијата како да го олесни пребарувањето на здравствените картони и другите медицински податоци и да го подобри квалитетот на пребарување на здравствените содржини на „Гугл“ и „Јутјуб“.
Така, според неговите зборови, пребарувачот на „Гугл“ треба на докторите автоматски да им понуди соодветни одговори на пребарувањата. На пример, докторот може само да го напише бројот „87“ и ќе му се појават податоци поврзани со 87-годишен пациент со рак на желудникот.
Засега не е познато колкав дел од системот е изграден, но индикациите се дека се создава посебна веб-страница слична на „Гугл Флајтс“, но специјално за
здравствено пребарување.
Фејнберг беше вработен минатиот ноември за да ги надгледува фрагментираните здравствени иницијативи на технолошкиот гигант.