Многу луѓе забораваат дека „Гугл“ е онлајн-платформа што ја користиме за да најдеме веб-страници на кои има информации што ни требаат. „Гугл“ нема своја сопствена содржина, па она што го барате не мора да биде точен одговор или информација.
На „Гугл“ постојат многу лажни веб-страници за онлајн-банкарство, па затоа се советува да не ја гуглате адресата преку пребарувачот, туку да ја запомните. Секогаш пишувајте го официјалниот URL на веб-страницата за да пристапите и да бидете безбедни. Во спротивно, веројатноста да ви ги украдат лозинката и личните податоци е поголема бидејќи постојат измислени веб-страници кои изгледаат исто како страниците на вашата банка.
Броеви од компании
Една од најпопуларните онлајн-измами е објавување лажни страници на компании и контакт на броеви од кориснички служби.
Лекови и симптоми
„Гугл“ дефинитивно не е вистинско место за барање лекови. Треба да се обратите на вистински доктор и да не се потпирате на информации од пребарувачот за потенцијални болести. Исто така, опасно е да купувате лекови врз основа на сопствена процена.
Фото: Depositphotos
Медицински совети и лекување
Како и во случај на лековите, ако сте болни, одете на доктор. Организмот на секој човек е уникатен и многу е тешко, а во многу случаи и штетно за здравјето да користите некоја екстра диета или совети за исхрана што сте ги изгуглале.
Финансиски совети
„Гугл“ не е идеално место за барање совети или водич за лични финансии и потенцијални вложувања. Исто како и кога станува збор за здравјето, и финансиите се уникатни и не постои некој магичен финансиски план за инвестиции поради кој ќе се збогатите за кратко време.
Официјални веб-страници на влади
Владините веб-страници каде што се информирате за даноци, болнички услуги и слично се примарни мети за онлајн-измами. Поради тоа, секогаш директно одете на страницата на министерството и владата.
Социјални мрежи
Можеби звучи необично, но за социјалните мрежи се препорачува директно поврзување со впишување на нивните адреси во интернет-пребарувачот. Ако барате страница преку „Гугл“, може да се случи линкот да ве однесе на некоја лажна веб-страница и да наседнете на онлајн-измама.
Реклами
Лажни интернет-страници што нудат е-реклами има во голем број на „Гугл“. Станува збор за уште една типична измама со која луѓето се навлекуваат на атрактивни цени, па кликнуваат на веб-страниците што им ги крадат податоците за интернет-банкарство.
Бесплатни антивируси
Не барајте
програми за бесплатни антивируси на „Гугл“. Постојат многу лажни резултати поради кои можеби ќе имате проблеми со вирусите.