X
 08.12.2018 Технологија

„Гугл Транслејт“ преведува само во машки род, но тоа ќе се промени

„Гугл“ објави дека вложува напори за поправање на родовата нееднаквост во апликацијата за преведување по критиките дека „Гугл Транслејт“ е програмиран на автоматско преведување во машки род.

- Во текот на оваа година вложени се напори за промовирање на праведноста и намалување на пристрасноста во работата на компјутерите - напиша Џејмс Кучмарски, претставник на компанијата.

Програмата за преведување, на пример, за англискиот збор doctor нудеше превод само во машки род, односно лекар, но не нудеше превод во женски род, односно лекарка, додека за зборот nurce како превод нудеше само медицинска сестра.

- Сега за зборот ќе имате и машка и женска верзија на преводот од англиски на француски, италијански, португалски и шпански јазик - напиша Кучмарски.

Од „Гугл“ истакнуваат дека планираат ова да го прошират и на преводите на други јазици.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија