X
 05.04.2022 Политика

Фотографска споредба на Зеленски пред војната и сега

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во понеделникот ја посетил населбата Буча во близина на Киев. Според Украина, руските воени сили убиле 300 цивили во Буча за време на нивната окупација.

Фотографија направена при посетата на Зеленски во Буча стана популарна бидејќи се споредува со фотографија од претседателот направена пред инвазијата од страна на Русија, на 24 февруари.

На фотографија од 22 февруари Зеленски носи костум за да ѝ се обрати на нацијата откако Русија ја призна независноста на два украински региони. Точно 41 ден подоцна, тој изгледа како различен човек, со брада, облечен во воена облека и панцир.



Извор: Insider
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика