Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври годинава, тестирани се вкупно 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на коронавирус, или 32,5% повеќе во споредба со минатата недела. Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија (215 заболени на 100.000), информираат од Министерството за здравство.
Извор: Институт за јавно здравје
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17,2%, или 5% повеќе во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица 30-39 години (20,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи 40-49 (19,6%), 20-29 (18,5%), над 60 (18,1%) и 50-59 (15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (2,4%) и 10-19 години (5,9%).
Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети, компликации по здравјето. Од вкупниот број нови случаи, 513 (38,1%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена).
Извор: Институт за јавно здравје
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.
Пријавени се 31 смртен случај од 15 града, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50 до 59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.