X
 22.04.2021 Живот

Летово ќе може да одите на одмор за да се вакцинирате

Малдиви наскоро ќе им нуди вакцини против Ковид-19 на туристите со цел да привлече повеќе посетители во претстојната сезона, изјави министерот за туризам Абдула Мосум за Ес-ен-би-си.

Островската држава подготвила стратегија за посета, вакцинација и одмор со која ќе обезбеди вакцини и за туристите. Во моментов на Малдиви може да се влезе со доказ за негативен резултат од тест за Ковид-19 и доказ за резервирано сместување. Според министерот, државата наскоро ќе најави дека туристите што се вакцинирани ќе може да влезат во државата без тест.

Околу 67% од бруто-домашниот производ (БДП) на Малдиви доаѓа од туризмот, директно или индиректно.


Фото: Pixabay

Министерот за туризам не открил кога државата ќе нуди вакцини за туристите, ниту дали посетителите ќе плаќаат за нив или ќе бидат бесплатни. Тој изјавил дека за владата е приоритет да ги вакцинира сите жители пред да нуди вакцини за странците.

Досега над половина од 530.000 жители ја примиле барем првата доза од вакцината против Ковид-19. Околу 90% од жителите што работат во туристичкиот сектор добиле прва доза.


Фото: Pixabay

Мосум открил дека Малдиви добиле донации на вакцини од Индија, Кина и преку КОВАКС-механизмот, а државата исто така нарачала дополнителни дози преку Сингапур. Според него, земјата ќе има доволно вакцини бидејќи има малку жители.

Малдиви се надева дека ќе прими барем 1,5 милион туристи оваа година, а досега во земјата патувале 350.000 туристи, најмногу од Индија. Дел од гостите остануваат подолг период и истовремено работат додека се одмораат.

Мосум изјавил дека се надева дека овој тренд ќе продолжи и туристите ќе остануваат во земјата за да ги примат двете дози од вакцина против Ковид-19.

Автор: Керен Џилкрајст
Извор: cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот