Пластиката е насекаде околу нас - во парковите, океаните, дури и во воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме и го оштетува нашиот екосистем. Но, што ако противотровот за овој проблем е пред нас и расте во форма на растенија?
Промените во овие истражувања ги предводи Јији Јанг од Институтот за еколошки науки во Нанџјинг, Кина. Тој и неговиот тим откриле уникатен пристап за справување со кризата со загадување со пластика.
Па, што е фиторемедијација? Излегува дека одредени растенија можат да впиваат повеќе од сончева светлина. Тие го усовршиле апсорбирањето, неутрализирањето и конвертирањето на штетните загадувачи (вклучувајќи ја и микропластиката) од околината. Во комбинација со традиционалните мерки за менаџмент на отпадот, овие т.н. зелени војници може да се клучот до поздрава планета ослободена од пластика.
Концептот на фиторемедијација не е нов. Домородни заедници од различни делови на светот ја користат моќта на растенијата за детоксикација на нивните околини. Сега фокусот е на разбирање како овие зелени херои може да ни помогнат во добивањето на војната против загадувањето со пластика.
Некои растенија, наречени хиперакумулатори, имаат единствена способност да фаќаат, задржуваат и филтрираат пластични честички.
Иако првичните резултати се ветувачки, сè уште има уште многу работа и потребни се повеќе истражувања за да се откријат нови хиперакумулаторски видови и да оптимизираат нивните услови за раст.
Студијата е објавена во списанието „Еко-енвајормент & хелт“.
Извор:
Earth
Фото: Freepik