X
 28.02.2024 Наука

Микропластика пронајдена во слоеви на седимент недопрени од современиот човек

Микропластиката ја има секаде - од нашите тела до океанот. Очигледно е пронајдена и во слоеви на седимент кои датираат уште од првата половина на 18 век, што ја покажува опасната способност на микропластиката да се инфилтрира дури и во средина недопрена од модерниот човек.

Европски истражувачи дошле до ова алармантно откритие откако ги проучиле слоевите на седиментот во три езера во Латвија, што е објавено во списанието „Сајенс адвансес“.

Научниците проучувале седимент од езера за да тестираат дали присуството на микропластика во геолошки слоеви би било веродостоен показател за почетокот на антропоцената епоха, за која во студијата е дефинирано дека почнува во 1950 година и служи за да се опише кога луѓето почнале да имаат големо влијание врз животната средина.

Научниците долго време ги користат слоевите на пепел или мраз за да проучат настани од минатото, што води до прашањето дали микропластиката може да служи како веродостоен хронолошки маркер за антропоценот.

Според ова истражување, одговорот е не бидејќи микропластиката била пронајдена во секој слој од ископаниот седимент, вклучително и оној од 1733 година.

Освен тоа, истражувањето ја покажува и импресивната способност на микропластиката да стаса апсолутно секаде. Дури ни Антарктикот не е имун на тоа, па научниците најдоа микропластика во неколку примероци снег, а стасала таму со помош на ветрот. Можеби најалармантно е што научниците најдоа микропластика и во нашите органи, а истражувачите сега почнуваат да го испитуваат нејзиното влијание.

Еден од најголемите предизвици ќе биде како да се ослободиме од микропластиката во нашата средина, а судејќи по нејзината сеприсутност и нашата зависност од пластични производи, нема да е лесно.

Извор: Futurism
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука