X
 29.10.2019 Политика

Словачка забрани да се објавуваат анкети 50 дена пред изборите

Словачкиот парламент донесе закон со кој се продолжува забраната за објавување истражувања на јавното мислење пред изборите од 14 на 50 дена. Забраната ќе важи и за општите избори, закажани за четири месеци.

Одлуката на владејачката партија СМЕР пред изборите предизвика критики од опозицијата, но и од политичките експерти кои во тоа гледаат обид да се замолчат новите партии во Словачка.

- Веруваме дека овој закон нема да им го ограничи правото на пристап до информации на гласачите бидејќи е дизајниран токму за заштита на гласачите од дезинформации и наменски информации - се посочува во образложението на законот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика