X
 15.03.2020 Политика

Елеонор Лалу - првиот политички кандидат со Даунов синдром во Франција

Елеонор Лалу се кандидира за член на совет на претстојните локални избори во Франција. Таа е од градот Арас и е првиот политички кандидат во Франција со Даунов синдром.

Елеонор живее сама во стан во центарот на градот. Таа се бори за повеќе права за луѓето со посебни потреби и луѓето да имаат поголема почит кон околината.


Фото: Би-би-си

- Една од работите што би сакала да се сменат е луѓето да имаат поголема почит бидејќи некои луѓе немаат почит. Плукаат на улиците и ги фрлаат догорчињата насекаде. Кога ќе го видам тоа, вријам - вели Елеонор во репортажа на Би-би-си.

Таа работи во администрацијата на локална болница и помага во работата на организација што ја води нејзиниот татко.

- Мислам дека луѓето со посебни потреби се изолирани, како да се затворени во обвивка, и тоа не е добро за нив. Тие би требало да се во обична, отворена околина. Како и сите други. Бидејќи тие се како сите други. Тие може да направат сѐ. И знам дека со овие раце можам да помогнам да им го овозможам тоа - вели Елеонор.


Извор: Би-би-си 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика