Онлајн-регистрацијата за Лотаријата за зелена карта за 2022 година почнува на 7 октомври, објавија од американската амбасада во Македонија на „Фејсбук“. Аплицирањето ќе заврши на 10 ноември.
По завршувањето на апликацијата ќе добиете потврда со единствен број кој треба да се чува. Со овој број потоа се проверува статусот на апликацијата. Аплицирањето за лотаријата е бесплатно. Со среќа!