X
 21.11.2023 Политика

Сите што бараат германско државјанство ќе мора да го признаат постоењето на Израел

Според нов германски закон, луѓето што сакаат да добијат германско државјанство најверојатно ќе мора да го признаат правото на постоење на Израел.

Според нацртот на новиот германски закон, од имигрантите се бара да го признаат правото на постоење на Израел како услов за стекнување државјанство.

Пратеничката група составена од Христијанско-демократската унија на Германија и Христијанско-социјалната унија побара усвојување на закон за „спречување натурализација на антисемитските странци“.

Нацртот предлага дека стекнувањето германско државјанство зависи од почитувањето на правото на Израел да постои и од изјавата дека апликантот за натурализација не барал или нема да продолжи со какви било напори насочени против постоењето на државата Израел.

Бидејќи нацрт-законот вклучува измена на Законот за државјанство за „странците“ да не се вклучат во активности кои се противат на „постоењето на државата Израел“, Германија сега би можела да биде на пат да го одбие државјанството на секој што е пропалестински ориентиран.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика