X
 01.10.2021 Наука

Месецов нѐ очекува метеорскиот дожд „Ориониди“

„Ориониди“ е метеорски дожд кој може да се види насекаде низ светот, а ќе приреди спектакл на небото овој месец.

Метеорскиот дожд е остаток од Халеевата комета. Како што Земјата поминува низ опашката на кометата, нејзини делови горат во атмосферата на планетата, создавајќи метеорски дождови. Халеевата комета се појавува на небото еднаш на секои 74 до 76 години, но „Орионидите“ се појавуваат секоја година во октомври.

Тие го добиле своето име бидејќи се чини дека доаѓаат од светли точки што лежат во соѕвездието Орион.

Кога се најактивни, може да се видат до 20 настани што изгледаат како ѕвезди што паѓаат на еден час. Годинава тие ќе бидат најактивни вечерта помеѓу 20 и 21 октомври.

Доколку ги пропуштите таа вечер, „Орионидите“ ќе бидат активни и подоцна. Поточно, може да се гледаат од 2 октомври до 7 ноември.

Извор: Mental Floss
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука