X
 17.11.2023 Наука

Метеорскиот дожд „Леониди“ ќе биде најактивен викендов

Метеорскиот дожд „Леониди“, кој се појавува секоја година во ноември, треба да биде најактивен овој викенд. Поточно, се очекува да биде најактивен на 18 ноември.

Метеорскиот дожд може да се види од многу места во светот, а оваа година условите се особено добри бидејќи ќе има малку месечева светлина на небото. Може да се очекува да се видат околу 15 метеори на час по полноќ. Метеорите ќе изгледаат како да излегуваат од соѕвездието Лав.

Што е метеорскиот дожд „Леониди“?

Нашата планета секоја година во ноември поминува низ опашката на кометата Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. На површината ние ги гледаме како ѕвезди што паѓаат.

Овој метеорски дожд е еден од најбрзите на Земјата бидејќи деловите влегуваат во атмосферата со брзина од 71 километар во секунда.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука