X
 01.10.2021 Култура

Скулптура на девојка што се дави во река ги вознемири жителите на градот Билбао

Глава тешка 120 килограми е скулптура која е дело на мексиканскиот уметник Рубен Ороско. Оваа скулптура се појавува и исчезнува секој ден во зависност од нивото на водата во реката, а е создадена како дел од кампањата која се обидува да ја стимулира дебатата за одржливоста.

Морничавата скулптура наликува на живо девојче кое се дави во реката и ги вознемири жителите на шпанскиот град Билбао откако се појави без претходна најава. Уметникот што ја направи скулптурата го нарече делото Бихар, што на бакиски јазик значи утре.

1

- Целта е да се подигне свеста на луѓето дека нивните постапки можат да нѐ потонат или да нѐ одржат во живот - вели уметникот.

Луѓето во Билбао првпат ја забележале скулптурата минатиот четврток.

2

Фондацијата „Би-би-кеј фондејшн“, која стои зад скулптурата, вели дека ова е сликата на она што би можело да се случи ако продолжиме да вложуваме во неодржливи модели што придонесуваат за климатските промени.

девојче

„Бихар“ не е прво дело на овој уметник што го изненади и вознемири Билбао. Пред две години статуа од осамена жена во природна големина што седи на клупа во парк предизвика дебата за осаменоста кај постарата популација.

Извор: Sky News
Фото: Sky News
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура