X
 22.11.2022 Здравје

Во САД е одобрен лек кој го одложува развивањето на дијабетес тип 1

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек што би можел да се користи за забавување на напредокот на дијабетес тип 1.

Лекот е наречен „теплизумаб“ и се прима преку инјекција, а може да го одложи развивањето на болеста кај возрасните во трета фаза и кај децата во втора фаза од болеста. Докторот Џон Шаретс од ФДА посочил дека лекот претставува нова опција за третман и за пациентите што имаат ризик за заболување.

Лекот го одложува почетокот на болеста и нејзиното развивање со врзување на специфични клетки во имунолошкиот систем. Тој може да ги деактивира имунолошките клетки кои ги напаѓаат клетките што произведуваат инсулин.

Дијабетесот тип 1 е болест предизвикана од имунолошкиот систем, а ги напаѓа и уништува клетките што создаваат инсулин. Луѓето со ваков дијабетес имаат зголемено ниво на глукоза и мора да го регулираат нивото на инсулин. Тој најчесто се дијагностицира кај децата и тинејџерите, а шансите за заболување се поголеми доколку некој во семејството ја има болеста.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје