X
 01.11.2017 Наука

Може ли да се преживее само на леб и вода?

Лебот е составен дел од голем број трпези во светот. Направен од различни видови брашна, збогатен со секакви видови зачини, лебот е еден од омилените продукти на многумина, но дали би можеле буквално да живееме само од леб?

Најверојатно може да се преживее само со квалитетен житен леб кој бил ферментиран одредено време. Но, со тек на време ќе почнат да недостигаат одредени хранливи материи и лебот ќе ви здосади. Луѓето постојано се прашуваат дали може да преживеат ако консумираат само една состојка. Јадењето на едно нешто сигурно ќе заштеди многу време и труд, а и пари. Но, нема да може да ги задоволи сите потреби на организмот од хранливи материи, па тоа е и главната причина зошто луѓето јадат разновидна храна.

За разлика од компирите или оризот, кои се самостојни растенија, овие јаглехидрати кај лебот се креирани со комбинација од житни производи и вода, како и некој тип микроби. Овие микроби ги кршат житата, изложувајќи ги хранливите материи кон кои луѓето обично би немале пристап. Па така, се доаѓа до заклучок дека лебот е многу похранлив од неговата главна состојка, житото.

Денешниот леб најчесто се прави од комбинација на бело брашно и други житни производи, изоставајќи ги целите зрна и хранливите вредности што ги содржат. Па, ако се обидете да преживеете само со леб, тогаш лебот би требало да биде направен од цели зрна и некоја комбинација на бактерии што е докажано дека обезбедува целосно ослободување на хранливите материи. Сепак, тоа нема да биде доволно за целосно преживување. И во тој случај ќе имате недостатоци од некои важни хранливи материи и витамини, како на пример Ц, Б12 и Д, а и калциум. Без нив луѓето би имале сериозни проблеми – изнемоштување на мускулите и измореност, намалување на коскената маса и слично.

Ако јадете само еден вид храна подолго време, едноставно ќе се заситите. Науката покажува дека колку повеќе јадете нешто, толку се зголемува и незадоволството од консумацијата на тој производ. Но, некои видови храна во поголема мера го предизвикуваат ова чувство, а истражувачите откриле дека лебот можеби е отпорен на овој феномен.

Иако лебот и житните производи се навистина хранливи, сепак не можат да ве обезбедат со сето она што му е потребно на организмот. Јадењето разновидна храна богата со витамини и минерали е, секако, најдобриот избор за исхрана.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука