Неверојатно е, но истовремено и страшно колку многу се сменила технологијата во текот на последните десет години. Не толку одамна, телефоните со екран на допир кои може да се поврзат на интернет беа само дел од научната фантазија, а погледнете го човекот денес.
Страшниот дел е во начинот на кој технологијата влијае на нашите навики и нашето здравје. Користејќи мобилни телефони луѓето го менуваат начинот на држење на телото, и тоа не на добар начин. Ви се верува ли дека држењето на телефон има ист ефект како држење осумгодишно дете на главата додека седите?
Притисокот кој го одржуваме додека читаме во телефонот е еднаков на тежина од 27 килограми. Виртуелниот модел бил создаден од д-р Кенет К. Хансраџ од Институтот за операции и рехабилитација во Њујорк.
Излегува дека држењето на телото додека гледаме во телефонот не е добро за нашето здравје, особено не кога трошиме толку време на телефоните. Имено, просечниот човек троши два-четири часа дневно во оваа положба.
Според
извештајот, добрата положба на човекот е онаа во која ушите се совпаѓаат со рамениците. Секоја друга положба на телото може да биде опасна за коските во телото.
Решение за проблемот може да биде држење на телефонот пред вас на совршен агол за читање и држење на телото.