X
 05.05.2015 Технологија

Бесплатни апликации кои овозможуваат следење на телефонот

Бесплатните апликации на „Андроид“ стануваат опасни. Тоа е заклучокот на група истражувачи кои откриле дека незаштитените апликации во „Google play“ се поврзани со огромен број рекламни или страници за следење без знаење на корисникот.


„Apple“ строго ги контролира сите апликации во својата продавница, но „Google“ е поотворен и ги одбива апликациите кои се очигледно штетни. На многумина им се допаѓа оваа слобода, но истата може да биде и штетна за корисниците.

Токму затоа, истражувачите од „Eurecom“ во Франција спровеле анализа на бесплатните апликации за „Андроид“ и ги набљудувале интернет-страниците со кои тие се поврзуваат без знаење на корисникот. Биле анализирани над 2.000 бесплатни апликации од сите 25 категории. Овие 2.000 апликации биле поврзани со неверојатни 250.000 страници.

Повеќето од нив се поврзувале со рекламни и страници за следење, но приближно 10% од апликациите се поврзувале со над 500 различни линкови. Не изненадува што 9 од 10 најчести рекламни домени со кои се поврзувале апликациите се на „Google“.

Истражувачите најдоа и решение. Нова апликација наречена „No such app“ помага во откривањето на несаканите апликации кои се поврзани со други домени.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија