Слушалките првенствено се користат кога сакаме да слушаме музика или да гледаме филм, но нивната употреба не е толку едноставна како што се чини на прв поглед.
Во истражување на германската компанија „Битком“ се покажало дека 47 отсто од луѓето ставаат слушалки за да се одделат од околината. Сличен број, 42 отсто, ги користат како сигнал за другите со кој порачуваат дека не сакаат некој да ги вознемирува.
Секој петти испитаник користи слушалки за да не му пречат во работата или на работното место, а ист процент ги користат како моден
додаток.
Фото: Freepik