X
 16.03.2020 Здравје

Оброци што готвачите и келнерите не би ги порачале во ресторан

Анкетите покажуваат дека 75% од луѓето што одат во кафулиња или ресторани ги посетуваат овие места бидејќи не сакаат да го трошат слободното време на готвење и претпочитаат да јадат во друштво. Се чини дека денес секој може да најде место кое ќе биде по негова мерка. Но, доколку ги прашате професионалците, подобро е да одбегнувате некои оброци во рестораните.

Така, вработените во рестораните низ САД за „Брајтсајд“ посочуваат некои оброци што тие никогаш не би ги јаделе во ресторан. Меѓу другото, не се советува јадење пржена храна во јапонските ресторани бидејќи маслото не се менува доволно често.


Фото: Pixabay

Сендвичите со скара впрочем се прават со пилешко месо кое е многу старо, но за да изгледа свежо, тоа е потопено во сос и се чува на топло долг период. Не се препорачува ниту јадење пилешки прсти бидејќи на многу места тие се прават од остатоците од пилешкото месо.

Вработените во рестораните не би порачале ниту нешто со свежи домати, дури ни кога зеленчукот е во хамбургер. Доматите се познати по тоа што се подложни на бактерии кои може да предизвикаат болести. Затоа, треба да се води посебна грижа за свежите домати, а во многу ресторани тоа не се прави.

Доколку готвачот додал коморач во оброк со риба, тоа значи дека рибата не е свежа бидејќи таа билка го прекрива лошиот мирис.


Фото: Pixabay

Промотивните пијалаци што се нудат во баровите можеби содржат состојки со лош квалитет од кои барот сака да се ослободи. За да се покрие лошиот квалитет, во пијалаците се додаваат сирупи што имаат многу шеќер. Понекогаш келнерот може да ви препорача одреден оброк кој не се троши и од кој ресторанот сака да се ослободи, велат вработените во ресторани што разговарале со „Брајтсајд“.

Не се препорачува ниту јадење морска храна доколку не сте на море бидејќи таа веројатно била замрзнувана неколку пати пред да стигне до вашата чинија.

Бесплатните лепчиња на масите во рестораните може да се застарени. Доколку гостин пред вас не зел од лебот, истите парчиња може да ви бидат послужени вам.


Фото: Pixabay

Доколку сте во ресторан што не ви е познат, одбегнувајте оброци што се зачинети бидејќи зачините често се користат за да се сокрие лошиот квалитет на месото.

Подобро е да се пие пастеризиран отколку свеж сок, особено кога не сте сигурни за хигиената во кујната. 

Чоколадната торта може да се забележи на секое мени бидејќи секој очекува од ресторанот да нуди ваква торта. Но, затоа помали се шансите дека таа ќе биде добра.

Пицата не се препорачува во ресторани што не се пицерии. Ризотото, од друга страна, е тешко за подготовка бидејќи бара долго мешање. Повеќето ресторани не го нудат бидејќи немаат време да го подготват. Доколку се нуди во одреден ресторан кој не е италијански, веројатно тоа не е добро.

Извор: brightside.me
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје