X
 01.11.2019 Технологија

Ново решение што овозможува рециклирање на текстил во големи размери

Една од значајните пречки за рециклирање на текстилот е тоа што ткаенините често се направени од мешани материјали, што значи дека влакната од облеката составени од мешани материјали не се рециклираат. Добрата вест е дека овој значаен проблем може да се реши со помош на иновацијата на една шведска компанија. Ветувајќи дека ќе ја спаси модната индустрија, „Содра“, значајна шумска кооперација со седиште во Векше, Шведска, измисли уникатно решение што ја решава оваа фундаментална пречка за текстилната индустрија. Пионерското решение овозможува рециклирање на текстилот во голем обем.

Користејќи ги своите ресурси и експертиза за иновативно решение за рециклирање на текстил, решението на „Содра“ ќе овозможи рециклирање на текстилот во големи размери. Ова е одлично достигнување затоа што во моментов никој не може да рециклира влакна од мешавина на ткаенини во големи размери. Овозможувајќи кружни текови во модната и текстилната индустрија, компанијата исто така овозможи да се остварат соработки помеѓу различни индустрии.

1

- „Содра“ има и агресивни цели за одржливост. Затоа, бараме компании со високи амбиции за одржливост кои би сакале да се здружат со нас во испорака на текстил. Тоа ќе ги одреди и нашите почетни активности и идните производствени капацитети - рече Хелена Клесон, менаџер на проектот.

Според Ларс Идомер, претседател и извршен директор на „Содра“, денес се рециклира само незначителен дел од глобалното производство на облека и текстил.

- Речиси сè се испраќа на депонија или согорување. Но, шведската иновација и подготвеноста да помогнат во ублажување на климатските промени сега можат да влијаат врз играта на глобално ниво. Затоа се појави техника што може да ги раздели памукот и полиестерот во широко користените мешавини на памукот и полиестерот. Чистите памучни влакна потоа се додаваат во нашата текстилна маса произведена од дрво, која потоа може да се користи за правење нов текстил - рече таа.

2

- Сега повторно ја цртаме мапата за модната и текстилната индустрија, нудејќи кружни текови на текстилните влакна. Џемперот сега може повторно да стане џемпер. Ова ќе создаде дополнителна вредност за нашите клиенти, а особено за модната индустрија. Тоа е голем ден за нас и еднакво голем ден за новата кружна биоекономија - изјави Јоханес Богрен, претседател на „Содра“.

Произведувајќи маса со додавање 20 тони користен текстил, „Содра“ во моментов може да прифати само бел текстил. Гледајќи кон иднината, целта на компанијата е да најде решение за обесцврстување и исто така да ја испита можноста за вадење остатоци од полиестерог. Засега производството ќе почне со ниска стапка од 30 тони, но долгорочната цел е да се додадат 25.000 тони текстил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија