X
 01.11.2020 Наука

Единствените птици, освен пингвините, што се гнездат на мраз

Високо на Андите, помеѓу замрзнатите глечери каде што речиси ништо не преживува, една мала птица положува јајца и ги одгледува младите. Станува збор за единствената птица, освен вид пингвини, за која се знае дека се гнезди на мраз - најнепогодната средина за одгледување млади птици.

Видот познат како белокрилна диука живее на високите планински ливади во Аргентина, Боливија, Чиле и во Перу. Таа е позната по тоа што гради гнездо директно на студениот мраз. Ова неочекувано однесување прво било откриено во 2003 година од страна на геологот Даглас Харди кога патувал на перуанските Анди.


Фото: NTNU

Тој бил изненаден што открил повеќе недопрени гнезда на врв на глечер на надморска височина од околу 5.800 метри. Во едно од гнездата имало и напуштени јајца. Тој направил фотографии и заедно со својот син го идентификувал видот со помош на стручна литература.


Фото: NTNU

Неговото откритие било потврдено и од страна на експерт за птици во „Смитсонијан“. Харди објавил труд за своето откритие во 2008, а во 2016 г. било направено првото видео од гнездо на птицата на ледена карпа во документарен филм на Би-би-си.

Автор: Кошник Патовари
Извор: amusingplanet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука