Шведскиот град Гетеборг објавил дека планира да им додели специјални додатоци за обувки што го спречуваат лизгањето во зима на сите жители постари од 65 години.
Додатоците се ставаат на обувките за да го спречат лизгањето на замрзната површина и со тоа ќе се спречат несакани незгоди. Жителите ќе може да одбираат од додатоци за целата долна страна од обувките или само за задниот дел од обувките.
Освен тоа, постарите жители нема да мора да одат некаде за да ги земат додатоците, туку ќе ги добијат по пошта.
Во Гетеборг живеат 6.256 лица кои имаат или ќе имаат над 65 години оваа година. Шведскиот град почнал да доделува бесплатни додатоци за обувки на стари лица во 2013 година. Била направена пауза во 2019, а иницијативата се вратила во 2020 година.
Околу половина од постарите жители ја користат оваа можност.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay