Тестовите за полагање возачки испит се со различна тежина во разни земји низ светот. Се разликува и цената за полагањето и добивањето возачка дозвола.
Платформата „Зутоби“ направила анализа на полагањето возачки испит низ светот и открива дека е најтешко во Хрватска, а најлесно во Мексико. Во Хрватска е и најскапо да се полага за возачка дозвола.
Фото: Pixabay
Според анализата на „Зутоби“, најлесно е да се положи во Мексико, Катар, Летонија, САД и Канада. Од друга страна, најтешко е да се положи возачки испит во Хрватска, Бразил, Унгарија, Бахреин и Црна Гора.
Хрватска се наоѓа на врвот на листата поради скапите и строги тестови. Хрватите земаат во просек 85 часа за возење, а тие се задолжителни пред полагањето.
Фото: Pixabay
Хрватска се наоѓа и на врвот на листата со најскапи земји за полагање возачки испит бидејќи цената за полагањето е околу 1.288 долари. По неа следуваат Малезија и Андора.
Полагањето возачки испит е најевтино во Пакистан бидејќи чини околу еден долар. Слична е и цената во Индија, а во Виетнам полагањето чини 3 долари.
Извор:
Zutobi