Од новиот „Војна на ѕвездите“ до приказната за најлошиот филм некогаш направен, издвојте време за овие нови филмски остварувања.
„The Disaster Artist“
Фото: А24
Новиот филм на Џејмс Франко прикажува како е да се снима кинематографска катастрофа. Франко е и режисер, но и глуми во филмот како имигрант во Америка со мистериозно потекло кој поседува интересен акцент и уникатен талент. Филм кој дефинитивно ќе изнуди насмевка на вашите лица.
„The Shape of Water“
Фото: Fox Searchlight
Гилермо дел Торо продолжува да изненадува со овој филм што го освои „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Филмот има хорор-елементи, забранета романса, ја опфаќа Студената војна и уште неколку жанрови во умерена мерка. Сали Хокинг глуми американска слугинка во истражна установа на американската влада, која се вљубува во еден од субјектите, водоземно суштество пронајдено во Амазон.
„All the Money in the World“
Фото: TriStar Pictures
Ридли Скот накратко ги остава неговите блокбастери и се насочува на оваа документарна драма базирана на книгата на Џон Пирсон, „Painfully Rich: The Outrageous Fortunes and Misfortunes of the Heirs of J Paul Getty“. Нафтениот магнат некогаш бил најбогатиот човек во Америка, но бил познат по неговата штедливост. Кога неговиот внук Џон Пол Гети III бил киднапиран од мафијаши во 70-тите години, одбил да го плати откупот. Како резултат на тоа, неговиот внук претрпел ужасно малтретирање - неговите киднапери му ги отсекле ушите.
„Happy End“
Фото: Sony Picture Classics
Изабел Ипер повторно напаѓа. По „Elle“ и „Things to Come“, кои важат за најпознатите и најдобрите улоги во нејзината кариера, легендарната француска актерка се враќа во друга одлична улога: како истакната мајка која се обидува да го задржи своето семејство и семејниот бизнис.
„Downsizing“
Фото: Paramount
Ако сакате потопла дисекција на општествените норми, фикции и хипокриза, тогаш можете да се насочите на делата на Александар Пејн. Овој режисер сега нуди одлична научнофантастична комедија за луѓе кои одлучуваат да се намалат за 12 сантиметри во обид да го минимизираат влијанието на пренаселеноста и да заштедат пари. Една брачна двојка, која ја играат Мет Дејмон и Кристен Виг, ја избираат за да ја извршат процедурата. Иако Дејмон е одлучен дека сака да ја направи, Виг се повлекува во последниот момент.
„Human Flow“
Фото: Participant Media
Одлично дело на режисерот и уметник Аи Веивеи што во детали ги прикажува глобалната бегалска криза и траумите на 65 милиони луѓе кои ги напуштиле своите домови во надеж за подобар живот. Епски портрет на масовната миграција што сфаќа како недостигот на емпатија често произлегува од неуспехот на имагинацијата.
„Војна на ѕвездите: последниот џедај“
Фото: Lucasfilm
Дали Лук Скајвокер ќе го прифати тоа што Реј му го понуди на крајот од филмот „Војна на ѕвездите“ од 2015 година? Никој не знае! Во овој филм за последен пат ја гледаме покојната Кери Фишер како Леиа Органа, така што се очекува филмот да предизвика вистински емоции.
„Ferdinand“
Фото: B-Plan
Филмот е базиран на книгата за деца „The Story of Ferdinand“ од авторот Мунро Леаф од 1936 година - станува збор за приказна за бик кој повеќе би сакал да мириса цвеќиња отколку да напаѓа матадор.
„Тhe Man Who Invented Christmas“
Фото: Bleecker Street Media
Романот на Чарлс Дикенс од 1843 година, „Божиќна песна“, веројатно е најсаканата божиќна приказна и една од најадаптираните приказни на сите времиња. Но како била создадена самата приказна?
Филмот го прикажува токму тоа.