X
 01.12.2018 Живот

Го исфрлиле од авион поради фотографија на „Снепчет“

Уште еден млад патник научи дека никогаш не треба да се шегува на сметка на тероризмот додека патува со авион.

Јогведант Подар, кој патувал со авион на компанијата „Џет eрвејс“, на потежок начин дознал зошто не смее да се шегува.

Имено, тој го покрил своето лице со марама и се пошегувал на „Снепчет“.

- Терорист на летот, уништувам женски срца - напишал тој.

Друг патник наводно ги алармирал пилотите кога ја видел пораката. Младиот шегобиец бил исфрлен од летот на релацијата од Колката до Мумбај, по што бил испрашуван и од полицијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот