X
 24.12.2022 Наука

„Вирџин Атлантик“ ќе го направи првиот прекуокеански лет со авионско гориво од „фритеза“

Британскиот конзорциум, составен од „Ролс-Ројс“, „Боинг“, Империјалниот колеџ во Лондон, Универзитетот во Шефилд, Институтот „Роки Маунтин“, Одржливо воздухполовство, властите на Обединетото Кралство и „Вирџин Атлантик“, ќе биде првиот во светот кој ќе организира комерцијален лет од Лондон до Њујорк кој ќе биде целосно нето-јаглеродно неутрален.

Властите на Обединетото Кралство ќе го финансираат историскиот лет, кој ќе го изврши авионот „боинг 787“ на „Вирџин Атлантик“, со мотори од типот „ролс-ројс трент 1000“, придвижувани од 100 отсто одржливо воздухопловно гориво (SAF- Sustaniable aviation fuel).

Еколошки трансатлантски лет


Планот е авионот да полета од лондонскиот аеродром „Хитроу“ и да слета на њујоршкиот „Џон Ф. Кенеди“, кој е еден од најфреквентните аеродроми во светот. Со користење 100 отсто SAF гориво наместо керозин, емисиите на јаглерод ќе се намалат за 70 отсто. Остатокот од емисиите ќе се укине со купување биочар-кредити, т.е. со инвестирање во проект кој трајно складира јаглерод на еколошки прифатлив начин.

Одржливото млазно гориво што ќе се користи на овој лет првенствено ќе биде направено од искористено масло за јадење и маснотии, а со тоа и отпаден материјал со мало влијание врз животната средина.

Целта на проектот е да ја демонстрира одржливоста и економичноста на авијацијата со нето-нула емисии, а властите во Обединетото Кралство се надеваат дека декарбонизираната воздухопловна индустрија би можела да генерира обрт од 2,4 милијарди фунти до 2040 година, создавајќи 5.200 работни места до 2035 година. Ова е целта на нивната стратегија, преку која целиот воздушен сообраќај до 2050 година треба да се оствари со нето-нула емисии.

Од „Вирџин Атлантик“ забележуваат дека се пионери на ова поле, со оглед на тоа што во 2018 година го направија првиот лет на комерцијален авион делумно напојуван од одржливо авионско гориво. Станува збор за „боинг 747“ кој летал од Орландо до Лондон, а горивото го произведувала американската компанија „Ланзатех“.

Извор: Bug.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука