X
 08.01.2023 Економија

Соларните панели се задолжителни на новите згради во Берлин

Од 1 јануари сопствениците на приватен имот во Берлин мора да вградат соларни панели на покривите на новите згради. Законот се применува и на постојните згради на кои треба да им бидат реновирани покривите.

Властите во градот се надеваат дека на овој начин ќе го зголемат производството на енергија со обновливи извори. Градот планира и финансиски да ги поддржи домаќинствата за да вградат обновливи извори на енергија. Обврската за вградување соларни панели на покривите се однесува на станбените згради, како и на комерцијалните и индустриски градби.

Според законот, барем 30 отсто од покривот треба да биде покриен со фотоволтаични панели. Зградите што имаат покрив помал од 50 квадратни метри не мора да поставуваат соларни панели.

Берлин планира да потроши 23,7 милиони евра за имплементација на програма со која ќе им помогне на компаниите и на домаќинствата да вградат соларни панели.

Законот за задолжително вградување соларни панели на новите згради беше донесен во 2021.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија