Британците тогаш заостанувале зад Европа и барале да станат дел од Европската Унија. Германија напредувала постојано од основањето на Европската заедница за јаглен и челик, која се претворила во Европска економска заедница.
Напредокот бил забележителен и во Франција и Италија. Обединетото Кралство, единствениот голем европски западен победник во Втората светска војна, заостанувала. Надежта дека старата слава ќе му парира на Брисел била лажна. Лондон бил потребен во САД како мост меѓу континентот и Вашингтон. Америка, на крајот, создала претпоставки за економско, па и политичко поврзување на европските држави.
Британското заостанување било се' поголемо, а британските политичари панично започнувале да бараат членство во унијата на континентот. Постапката не била едноставна бидејќи пред влезот требало да се решат обврските кон другите две заедници во кои делувале.
Владата во Лондон побарала членство првпат летото во 1961, но францускиот претседател Шарл де Гол во 1963 го понижил Лондон и одбил да се согласи. Лондон не одговарал со идејата за Европа која ја имале Французите, кои се плашеле од блиските врски меѓу Англија и Америка.
Вториот пат кога Лондон побарал влез било 1967 година, но Гол тогаш поставил вето со одбивањето. Сите протестирале и ја наведувале Франција да попушти. Сепак, Велика Британија останала надвор од заедницата полни десет години отколку што сакала.
По отстапувањето на францускиот претседател Шарл де Гол, владата на конзервативниот премиер Едвард Хит го усвоила она што се барало од Брисел, односно влез на Велика Британија во Европа. Британците имале потешкотии и биле во длабока криза. Политичарите биле неспособни да ги решат проблемите.
Европа изгледала одговорна за поголемиот дел од потешкотиите. Британија станала членка на ЕЕЗ во 1973 година. Две години подоцна на референдум, граѓаните го потврдиле членството со 66%. 43 години од членството бил распишан нов референдум за излез од унијата.
Нема да биде чудно доколку Велика Британија повторно се најде во местото на почетокот. Германија и понатаму ќе расте, а светот станува повеќе поврзан од кога и да е додека Велика Британија излегува од сето тоа.