Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски пристигна во Медицинскиот центар Јувентус, каде што треба да изврши лекарски преглед пред потпишувањето на договорот. Ова е објавено од голем број медиуми во Италија.
Деветнаесетгодишниот Кулушевски е фудбалер на Аталанта, а игра за Парма како позајмен фудбалер.
Оваа сезона тој настапи на 19 натпревари за Парма и постигна четири гола со седум асистенции.
Извор: МИА