Сè почести се огласите во кои се нуди работа од соништата - на пример, ви се дава голема сума пари да јадете „доритос“ или да гледате некоја серија или, пак, да тестирате ховерборди на Хаваите.
Но, со овие огласи секогаш постои услов - и со право, со оглед на одличните услови и платата.
И најновиот оглас доаѓа со услов што всушност би можел да биде почеток на едно извонредно пријателство или романтична љубовна приказна бидејќи оператор за тури им плаќа на двајца да патуваат низ светот - под услов и двајцата никогаш да се немаат сретнато.
Фото: Getty Images
„Тур Рејдар“ и „Интерпид травел“ бараат двајца луѓе што се опседнати со патувања и на кои не им пречи да бидат снимани како дел од нивното промотивно видео.
На среќните добитници ќе им бидат платени сите трошоци за патувањето, во вредност од повеќе од 22.000 долари. Патувањето ќе вклучува пет различни земји; секоја на различен континент, но деталите не се откриваат до моментот кога ќе треба да го почнат патувањето.
Патувањето ќе трае 50 дена и ќе нуди прекрасно искуство, така што двајцата странци веројатно ќе станат најдобри пријатели до крајот. За да бидете дел од патувањето, треба да испратите 2-минутна видеоапликација до туристичките компании во која ќе покажете зошто баш вие сте совршени за работната позиција.
- Сериозни бонус-поени ќе им бидат доделени на оние што ќе успеат да се издвојат од толпата. Пример: јавни места. Голем спектакл. Од вас зависи. Колку е посилен вашиот глас, толку повеќе ќе ни биде мило да ве запознаеме - пишува на веб-страницата на „Тур Рејдар“.
Вашата
апликација ќе биде оценета од тројца експерти за патување кои ќе ја донесат конечната одлука.
ТУКА можете да дознаете повеќе и да ја испратите вашата апликација. Пријавувањето е отворено до 24 март.