X
 03.07.2018 Живот

Во овој град се наплаќа данок на дожд



Жителите на руското гратче во регионот Перм биле изненадени кога забележале дека државните власти им наплатиле данок на дожд.


Човек со чадор на дожд
(Фото: Pixabay)


Информацијата почнала да се проширува кога еден од жителите забележал дека му е наплатена дополнителна такса на месечната сметка за помош што се наплаќа редовно.

На сметката пишувало дека дополнителните средства се наплаќаат за „канализација“, а кога граѓаните се пожалиле пред локалното комунално претпријатие, им било речено дека плаќаат за дождовницата што од нивните покриви се слева во канализацијата.

Граѓаните реагирале тврдејќи дека дождот не се влева во канализацијата. Ним не им е јасно дали таа дополнителна такса ќе мора редовно да ја плаќаат целата година или само во дождовните периоди.

Слична ситуација се случила и во еден друг руски град во 2017 година, кога локалното комунално претпријатие наплаќањето на данокот на дождовница го образложило како апсолутно право и неопходна мерка за спасување на фирмите од банкрот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот