X
 20.03.2023 Живот

Добивате 100 евра дневно ако врне - фирма нуди осигурување за временски услови

Дождот навистина може да го уништи секое патување. Тоа е нешто што не можете да го контролирате. Меѓутоа, во Германија може да се осигурите и да добивате пари доколку ви врне на одмор. „Ветерхелд“, фирма од Хамбург, нуди осигурување од лоши временски услови на одмор.

Фирмата им надоместува финансиски средства на осигурениците доколку врне дожд додека се на одмор. Парите нема да го вратат сонцето на небото, но барем може да го направат одморот поубав. Фирмата доделува надомест до 100 евра за еден дождлив ден.

- Значи, може да се префрлите на други активности во затворен простор наместо да се грижите за времето - велат од фирмата.

Потребно е да се задоволат неколку услови

Осигурениците плаќаат 3 евра дневно, но треба да бидат исполнети неколку критериуми за да добијат надомест. Осигурувањето треба да биде резервирано одреден период претходно, а надоместот зависи и од периодот и од локацијата.

Може да се осигурат и патувања на локации каде што често паѓа дожд, но надоместот се разликува од оној за патувања на места кои се популарни за летување. Фирмата нуди осигурување само за патување во Европската Унија.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот