X
 02.02.2016 Образование

Сакате да бидете попродуктивни? Применувајте ги советите на Тесла

Никола Тесла е познат по бројните проекти и интереси, но се чини дека користел одредени стратегии со кои успевал да го исполни замисленото.

Научникот открил некои навики за животот кои му помогнале да биде исклучително продуктивен, пренесува „Lifehacker“. Меѓу тие навики се наоѓаат:

Размислување пред дејствување

Тесла имал развиена способност за визуелно размислување и тврдел дека може во целост да замисли цели проекти и уреди пред да ги изгради. Сите не ја поседуваат таа способност, но таа може да се поттикне со едноставно концентрирање на само еден проблем.

„Мојот метод е поинаков. Не брзам со конкретната работа. Кога добивам идеја, веднаш тргнувам со изгработка во својата имагинација“, навел Тесла во својата автобиографија.

Прошетка

Тесла сакал да шета за да ја поттикне креативноста. Се верува дека неговите прошетки биле помалку опсесивно-компулсивни, но тоа не значи дека немале свои предности. Постои анегдота според која идејата за струја на Тесла му се јавила за време на една прошетка во Будимпешта.

Самостојно решавање на проблеми

Познатиот научник сметал дека проблемот најдобро се решава со повлекување насамо.

„Умот е поостар во концентрација за време на непрекинета самотија. За размислување не е потребна голема лабораторија“, сметал Тесла.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование