X
 28.09.2022 Наука

Тесла експериментирал со х-зраците пред нивното официјално откривање

Никола Тесла е познат по неговата работа со електричната енергија и радиото. Тој поседувал над 300 патенти, но сите негови експерименти не биле успешни или широко познати. На пример, малку се знае дека Тесла експериментирал со технологијата за х-зраци пред тие да бидат официјално откриени.

Тесла почнал да ја истражува радијацијата кон крајот на 19 век кога забележал оштетен филм од претходни експерименти. Следната година, германскиот професор по физика Вилхелм Рентген објавил извештај за х-зраците, а до денес нивното откривање се поврзува со Рентген, иако Тесла не заостанувал многу.

Доколку пожар не му го зафател студиото на Тесла во 1895, притоа уништувајќи му ја опремата, тој можеби би бил побрз од Рентген. Сепак, кога излегло истражувањето на Рентген, Тесла му испратил писмо во кое му честитал и фотографии кои ги направил. Тесла продолжил да прави експерименти со х-зраци и правел слики кои ги нарекувал „сенкографи“.

Тој направил вакви слики од неговото стапало и неговата рака. Набргу посочил кон примената на х-зраците во медицината, забележувајќи дека технологијата може да се користи за откривање туѓи тела или за забележување болест на белите дробови.


Фото: Wikipedia

Тој ги забележал и ефектите на работата со радијацијата бидејќи забележал промени во кожата, болка, отоци и губење коса, иако погрешно мислел дека ефектите се поради озонот и азотната киселина наместо од х-зраците.

Продолжил да ја истражува технологијата и разбрал дека оддалеченоста и времето се фактори во зачувувањето на телото од штетните ефекти на зраците. Тој дури се обидел да направи алуминиумска заштита од негативните ефекти на х-зраците.

Извор: My modern met
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука