X
 02.02.2020 Култура

Како во Јапонија се одбележува полнолетството

Денот на полнолетството е национален празник - кога момчињата и девојките официјално влегуваат во светот на возрасните.

Јапонците и Јапонките што во претходните 12 месеци наполниле 20 години учествуваат во церемонијата по повод влегувањето во светот на возрасните.

Во текот на церемонијата девојките носат шарено кимоно, а момчињата традиционални јапонски униформи или костум и вратоврска.

Овој празник се слави секој втор понеделник во јануари.

2
Фото: AFP


Во Јапонија се влегува во светот на возрасните на 20 години и тоа е така уште од 1876 година. Но неодамна владата одлучи дека луѓето стануваат полнолетни на 18 години, а одлуката ќе стапи во сила во 2022 година.

На полнолетна возраст на младите парови повеќе нема да им биде потребна дозвола од родителите за да се венчаат.

Припадниците на владејачката Либерално-демократска партија велат дека намалувањето на правната граница за влегување во светот на возрасните ќе помогне во борбата против негативниот природен прираст.

3
Фото: AFP


Инаку, јапонската влада во 2015 година одлучи да ја намали и старосната граница за гласање, од 20 на 18 години.

Поради новата одлука за полнолетство, променети се повеќе од 20 закони.

4
Фото: AFP


Сепак, некои работи ќе останат исти - на 18-годишните и понатаму им е забрането да пијат, пушат, да се коцкаат и да посвојуваат деца, барем додека не наполнат 20 години.

5
Фото: АFP

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура