X
 26.05.2015 Култура

Книги кои Бил Гејтс ви ги препорачува за ова лето

Извршниот директор на „Microsoft“, Бил Гејтс препорачува шест книги и еден блог кој треба да ги прочитате ова лето. Иако, како што тој вели дека книгите и не се баш лесни за читање, од нив можете да научите многу.

 

книги


На неговата веб страна се наоѓа и видеото подолу во кое тој ги кажува причините зошто треба да се прочита секоја книга.

„Hyperbole and a half“ од Али Брош - Книгата содржи кратки портрети и комични цртежи за нејзиниот живот. Авантурите кои таа ги среќава најголем дел се случуваат во нејзината глава, кадешто ги слушаме и гледаме нејзините внатрешни мсили кои повеќето од нас се срамат да ги кажат во јавност.

„The magic of reality“ од Ричард Докинс
- Ричард е еволутивен биолог во Оксфорд, и има дарба науката да ја направи пријатна за читање. Оваа книга е добро илустрирана и дава релевантни одговори на големи прашања како на пример „Како се формира универзумот?“ и „Што ги предизвикува земјотресите?“.

„If what“ од Рандал Мунро - Поднасловот на книгата е „Сериозни научни одговори на апсурдни хипотетички прашања“ и токму за тоа се работи. Луѓето му поставувале прашања на Мунро од различни полиња на науката: физика, хемија, биологија, прашања како „Од која тежина треба да падне стек за да биде зготвено кога ќе удри на земјата?“. Објаснувањата на Мунро се смешни, меѓутоа поддршката од науката е доста точна.

„XKCD“ од Рандал Мунро - Колекција од постовите на блогот на Мунро XKCD, кој е создаден од цртежи кои тој ги создал. Постои еден цртеж од научник кој одржува пресконференција и открива дека понекогаш е добро да се служи храна која е поврзана со темата на конференцијата. Последната конференција на којашто бил сите репортери биле мртви бидејќи тие јаделе арсен.

„Immunity“ од Eула Бис
- Книгата предизвикува вистинско задоволство додека ја читате. Бис е есеист и универзитетски професор, а испитува што се крие позади стравовите на луѓето да ги вакцинираат нивните деца. Како и поголемиот дел од нас, таа заклучува дека вакцините се безбедни, ефикасни и чудесни алатки кои ги штитат децата од непотребно страдање.

„How to lie with statistics“ од Дарел Хаф
- Кратка книга која Гејтс им ја препорачува на сите. Првото издание било во 1954 година и воопшто не се чувствува како да читате стара книга. Првото поглавје ги покажува визуелните елементи кои можат да се користат за да се претера со трендовите и да се дадат искривени потсетници.

„Should we eat meat?“
од Вацлав Смил - Колку побогат станува светот, толку повеќе месо јади. И колку повеќе месо јади, толку е поголема заканата за планетата. Како сме успеале да влеземе во овој круг? Вацлав дава јасен поглед на целата сцена, од улогата на месото во еволуцијата на човекот, до суровоста кон животните.

 

Повеќе идеи од Бил Гејтс можете да пронајдете  ТУКА.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура