Биле направени многу откритија што го смениле научниот свет кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Меѓу другото, биле направени откритија во областа на х-зраците, нуклеарната радијација и електроните.
Многу физичари верувале дека почнуваат „квантна револуција“ кога започнала да се
организира Солвејската конференција во Брисел. Петтата ваква конференција, одржана во 1927, дури станала дел од историјата бидејќи на неа учествувале некои од најпознатите научници за кои зборуваме и денес.
Макс Планк, Марија Кири, Алберт Ајнштајн и Нилс Бор се само некои од научниците што учествувале на петтата Солвејска конференција во 1927. Соодветно, фотографијата направена од сите учесници со причина се нарекува „најинтелигентната“ фотографија направена досега.
Фото: Wikipedia
Фотографијата во голема резолуција може да ја најдете
овде.
Извор:
openculture.com