X
 18.11.2016 Наука

Научниците открија „втор мозок“ во човечкото тело

Најновите откритија на науката нудат докази дека човекот не само што има мозок за да донесува одлуки за нив, туку дека и друг орган помага во нивното раководство.

стомак и мозок


Ако некогаш сте почувствувале неугодно чувство во стомачната празнина треба да знаете дека тоа е Вашиот втор ум кој Ви дава некакви знаци, а не станува збор за проблем со органите за варење. Мозокот и стомакот почнуваат да се развиваат од исто ткиво, но понатаму владеат на два различни дела од телото. Тогаш во мозокот се формира централниот нервен систем, а во стомакот - ентеричниот нервен систем. Интересниот аспект на оваа поделба е вагусниот нерв кој ги поврзува двата система. Поради оваа врска и мозокот и стомакот делат неуротрансмитери и хормони.

Како функционираат овие системи?

Ентеричниот нервен систем ја насетува опасноста и ова е раководено од стомакот и е попознато како инстинкт или интуиција. Овие сигнали се упатуваат до мозокот, а овие „сигнали“ или интуицијата нема свест, туку постои сама за себе.

Истражувачите од оваа област се едногласни дека со контролирање на стомачната средина, може да контролираме што се случува во мозокот. Со ова едно нешто станува очигледно, здравата храна кога се консумира оди во прилог на „вториот мозок“. Патем, тој има расположение кое зависи од тоа човекот да ги јаде вистинските нешта.

Врската меѓу овие две страни е реална и дава едно подлабоко разбирање за човекот. Мозокот не контролира сѐ како што е генералното мислење и ова откритие може да го промени и начинот на кој се гледа на органите во телото.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука