X
 02.03.2021 Живот

Фотограф прикажува каков е животот во Јакутија, каде што температурата достигнува -50 степени

Зимата знае да биде прилично болна и тешка за многу луѓе. Барем за оние што живеат во места каде што има ниски температури и еден куп снег.

Сепак, регионот во Русија наречен Јакутија ги надминува сите поларни региони и зимите со оглед на тоа што температурата знае да достигне -50 Целзиусови степени. Регионот се наоѓа на 5.300 километри од Москва и има речиси 1 милион жители.


Алексеј Василев е фотограф кој живее во Јакутија, па одлучи да ги фотографира секојдневните животи и борбата на луѓето од Јакутија, прикажувајќи како изгледа животот во таков студен регион и што прават луѓето за да им помине времето.

Алексеј порано пиел многу алкохол, па во обид да се откаже, оваа лоша навика ја заменил со уметноста и фотографијата. Како што вели, минимално ги уредува фотографиите бидејќи не е добар со „Фотошоп“.


- Мразам да го минувам времето во уредување на моите фотографии - вели тој.

- Во Јакутија е проклето студено и има долги зими. Температурата во зима достигнува -50 до -60 Целзиусови степени. Оваа зима беше навистина студена, па моравме да живееме на -60 степени. Да не беше секојдневната потреба за излегување, повеќето луѓе постојано би биле дома, пиејќи топол чај и чекајќи ја пролетта. Во зима животот запира, постојано има густа магла која ја прикрива сончевата светлина неколку недели или месеци. Во текот на викендите има малку луѓе на улица. Но, студените зими се еден вид обележје на Јакутија, па туристите од другите земји сакаат да ја посетат и да ја искусат зимата - вели тој.





1

2

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот