X
 04.12.2019 Наука

Русија сака да гради опсерваторија на Месечината

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ сака да изгради опсерваторија на јужниот пол на Месечината со чија помош би внимавала да не се појават астероиди кои би можеле да се судрат со Земјата.

Русија долго време планира да изгради база на Месечината - цел која ја споделува со Кина и САД - а сега руските медиуми пренесуваат дека објектот ќе вклучува серија телескопи за да ѝ помогнат на оваа земја подобро да ги следи сите опасности од вселенски камења.

Русија уште од 2016 година скенира астероиди кои доаѓаат на мала оддалеченост од Земјата. Објектот треба да го дополни постојниот систем преку продолжување на неговиот досег во длабоката вселена.

Извршниот директор на агенцијата за наука и долгорочни програми, Александар Блошенко, за ТАСС изјави дека идејата е да се добие подобро разбирање на сите опасни астероиди што се движат кон Земјата.

- Има планови за инсталирање опрема во оваа база за да се проучи длабоката вселена и специјални телескопи за да се следат астероидите и кометите кои се опасни поради можен судир со Земјата - рече тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука