Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба со која им се олеснува на луѓето од украинските региони, кои се под контрола на сепаратистите, да добијат руско државјанство. Жителите во Донецк и Луганск, каде што живеат неколку милиони луѓе, ќе можат да добијат руски пасош за само три месеци по аплицирањето, секако, ако им е одобрен.
Украинската влада ја осуди мерката, а министерот за надворешни работи Павло Климкин ја нарече продолжување на агресијата и мешање во внатрешните работи на земјата.
Москва и Киев се заглавени во немири во источните региони на Украина уште откако почна сепаратистичкиот бунт во 2014 година по анектирањето на Крим од страна на Русија. Околу 13.000 лица ги загубија животите како резултат на борбите во изминатите пет години во Донецк и Луганск.
Декретот на Кремљ доаѓа по победата на комичарот Володимир Зеленски на претседателските избори во Украина. Тој е антиестаблишмент-комичар кој доаѓа на местото на Петро Порошенко, опонент на
Москва.