X
 02.03.2022 Наука

Како ни помогнаа пластични патчиња за подобро да ги истражиме светските океани?

Еден несреќен инцидент кој се случил пред 30 години довел до неочекувано истражување за глобалните океански струи со помош на гумени патчиња.

Несреќата се случила во 1992 година при невреме во Тихиот Океан. Товарен број кој патувал од Кина до САД се превртел. Неколку контејнери завршиле во океанот, а во еден од нив имало 28.800 играчки за капење во облик на жолта патка, црвен дабар, зелена жаба и сина желка. Играчките излетале од контејнерот и испливале на површината.

Научниците не би можеле да фрлат илјадници пластични играчки во океанот од етички причини, но случајно фрлените играчки претставувале можност која не требало да се пропушти. Океанографот Куртис Ебермејер почнал да го евидентира движењето на овие играчки со помош на посетителите на плажите.


Фото: Pixabay

Играчките првпат се појавиле на брегот на Алјаска кон крајот на 1992 година, околу 3.200 километри од местото на инцидентот. Ебермејер ги внесувал сите пронајдени играчки во компјутерски модел за симулација на океанските површински струи. Моделот комбинира податоци за притисокот во воздухот и брзината и насоката на временските услови за да ги мапира океанските струи.

Со овој модел успешно се предвидело движењето на играчките, кои неколку години подоцна се појавиле во државата Вашингтон. Неколку играчки биле пронајдени во Јапонија, Кина, па дури и на Беринговиот Проток. Ебермејер проценил дека на играчките ќе им требаат години за да го поминат Северниот Пол и како што било предвидено, тие почнале да се појавуваат на брегот на Велика Британија 15 години подоцна.

Веројатно и денес има играчки што пловат по морињата, но играчките што биле пронајдени им помогнале на океанографите да ја истражуваат поврзаноста на океаните и да разберат како функционираат морските струи.

Извор: Green
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука