X
 02.03.2023 Живот

Најсмртоносните железнички несреќи во Европа

Во големата несреќа во Грција во која беа вклучени два воза загинаа најмалку 36 лица, а повредени се десетици. Ова е една од најстрашните железнички несреќи во Европа во последните години. Еве некои други страшни железнички несреќи што се случиле на континентот во блиската историја.

Австрија (2000)

Во оваа несреќа, во пожар кој настанал додека воз бил во тунел, настрадале 155 луѓе. Само 12 патници го преживеале пожарот, а повеќето од жртвите биле скијачи.

Црна Гора (2006)

Поради проблем со системот за кочење, возот излетал од пругата во Црна Гора. Загинале 45 лица, меѓу кои и пет деца.

Германија (1998)

Брз воз излегол од шините поради пукнатина во осовината и удрил во надвозник. Загинале 101 лице, а 88 биле повредени.

Шпанија (2013)

Вкупно 80 лица загинале, а над 140 биле повредени кога брз воз излегол од шините во Шпанија. Истрагата покажала дека возот патувал со преголема брзина за тој предел, а машиновозачот зборувал на телефон пред несреќата.

Унгарија (2003)

Најмалку 32 германски туристи загинале во несреќа во Унгарија кога патнички воз удрил во автобус.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот