Ерих Фром спаѓа меѓу најзначајните претставници на хуманизмот на 20 век. Тој е психолог и филозоф, а во средината на својата психолошка теорија ги поставува човечки маки за слобода.
Прочитајте негови
цитати за љубовта, среќата, слободата, неспокојството о осаменоста.
1. Главна животна задача на човекот е да си дава живот на самиот себе, да постане она за кое има потенцијал. Најважниот плод на неговите напори е неговата сопствена личност.
2. Ако сакам, ќе се грижам, а тоа значи, активно ќе учествувам во развојот на среќата на другиот човек, и не сум само набљудувач.
3. Целта на човекот е да биде свој, а услов за постигнување на таа цел е да биде човек за себе. Не е тоа самољубие, туку љубов кон себе; не е отфрлање на индивидуалноста – туку потврдување на своето сопствено јас: тоа се прави виши вредности на хуманистичката етика.
4. Во животот не постои друга смисла, освен таа што човекот му ја дава, откривајќи ја сопствената моќ да живее плодно.
5. Ние сме тоа што сме си сугерирале сами на себе, и тоа што другите ни го сугерирале за нас.
6. Среќата не е некој Божји дар, туку достигнување на некој човек и постигнување на внатрешна плодност.
7. Несреќната судбина кај многу луѓе е последица на изборите што не ги направиле.
8. Ако детската љубов произлегува од принципот: „Те сакам, за што ме сакаш.“, зрелата произлегува од принципот: „Јас сакам, затоа што јас сакам.“ Незрелата љубов вели: „Те сакам затоа што си ми потребен!“, а зрелата расудува: „Потребен си ми затоа што те љубам.“.
9. Занесот на едниот кон другиот не е доказ за моќта на љубовта, но сведок е за големата осаменост што претходела.
10. Детето е реплика на родителите, тоа се развива како одговор на нивниот карактер.
11. Ако човек може целосно да љуби, тогаш тој се сака и самиот себе. Ако може да ги сака само другите, тој не може да сака воопшто.
12. Човекот кој не може да создава, сака да уништува.
13. Иако е чудно, но уметноста да се биде сам е предуслов за способноста да се сака.
14. Повеќето луѓе веруваат дека љубовта зависи од објектот, а не од сопствената способност да сакаат. Тие се дури убедени дека ако не сакаат никој освен „саканиот“ човек со тоа ја докажуваат моќта на нивната љубов. Овде се јавува заблуда – акцентот се става на објектот.